Ѓоковиќ го доби тричасовниот маратон и со перфектен скор ќе игра во полуфиналето
Новак Ѓоковиќ немаше никаков натпреварувачки предизвик во дуелот со Данил Медведев, но и покрај тоа Србинот покажа истрајност и упорност и победи во меч во кој беше блиску до пораз.
Во пресметката која не значеше ништо за двајцата тенисери, сепак видовме врвна тениска претстава и меч кој траеше три часа и 11 минути, а кој на крајот му припадна на поискусниот.
Новак од претходно беше пласиран во полуфиналето поради двете победи, но со третата сега продолжува со перфектниот скор на Мастерсот во Торино и со огромна самодоверба ќе ја дочека пресметката со Фриц.
Србинот го доби првиот сет со 6:3 и во тие моменти се чинеше дека може да заврши рутински во два сета, но сепак Русинот покажа дека е подготвен за борба и добивајќи го вториот сет со 7:5 во тајбрејкот се избори за решавачки сет.
Во него, Медведев прв направи брејк и сервираше за победа при резултат 5:4, но Ноле одново покажа шампионски и победнички карактер и веднаш возврати за 5:5. Така се отиде во нова тајбрејк завршница, во која овојпат подобар беше Ѓоковиќ со убедливи 7:2 за трета победа негова победа, односно трет пораз за Медведев.
Comments