Ѓоковиќ ги откри клучните моменти за поразот од Алкарас во Лондон
- Aleksandar Santovski
- Jul 17, 2023
- 1 min read
Новак Ѓоковиќ ќе чека нова шанса за да го зголеми бројот на грен-слем титули, а тој и неговиот тим ќе имаат можност детално да ги анализираат случувањата во вчерашното финале на Вимблдон.
Србинот загуби во дуел со пет сета од Карлос Алкарас, а на пресот по мечот зборувал за клучните моменти кои влијаеле на резултатот.
– Веројатно клучен беше тај-брејкот во вториот сет.
– Два пати погрешив со бекхенд удар, одигра долг удар, не смеев да промашам, а потоа и вториот очаен бекхенд на 6:6. Тој сет го сврте моментумот во негова полза, го подигна нивото, а мене ми требаше многу време за да се вратам, – изјавил Ѓоковиќ, кој смета дека втората и последна шанса ја пропуштил во петтиот сет.
– Моментумот повторно се префрли на моја страна, тоа беше мојата шанса.
– Таа брејк топка, навистина не одиграв добар поен, се обидов да се наместам за драјв волеј, но беше многу ветровито. Видов каде трча, сакав да го фатам на погрешна нога и промашив. После тоа тој направи брејк и тоа беше доволно да има предност до крајот, – истакнал српскиот тенисер.

Comments