Ѓоковиќ веќе на стартот на Олимпијадата го очекува најтешкиот можен ривал?!
22.07.2024 Juli Ponedelnik
Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во историјата на тенисот, има јасно дефинирана цел – освојување на олимписко злато на Игрите во Париз (26 јули – 11 аљвгуст).Ова за српскиот ас би била круна на неговата успешна кариера, со оглед на тоа што ова е единствената награда што му недостасува. Со оглед на тоа што ја има најверојатно последната шанса да го оствари овој сон во Париз, не е тајна дека Ѓоковиќ ќе го даде максимумот за да го оствари овој историски подвиг.
Покрај желбата да се закити со златен медал, на Ѓоковиќ му претстојат и можни предизвици веќе во првото коло. Постои реална можност да се сретне со Рафаел Надал, човекот кој 14 пати го освојуваше трофејот на париската земјена подлога.
Иако Надал не е фит како порано, неговото искуство и вештина на земјена подлога може да претставуваат сериозен предизвик за секој противник. Ѓоковиќ како втор носител ќе има свои предизвици за време на турнирот, но тој е оптимист за својот настап.
Олимпискиот тениски турнир во Париз ќе се одржи од 27 јули до 4 август, а ждрепката ќе биде извршена во четврток. Ќе настапат вкупно 64 тенисери, а меѓу 16 носители се и Јаник Синер, Александар Зверев, Данил Медведев, Стефанос Циципас и други.
コメント