top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ, Верстапен, Барти и Ледецки меѓу номинираните за „Лауреус“

„Лауреус“, глобалното спортско движење кое ги слави најголемите светски спортисти, ги објави номинациите за спортски награди за изминатата година.

Номинираните за 2022 година беа избрани на панел-дискусија на најдобрите светски спортски медиуми, по која бea претставени најдобрите спортисти во светот, во седум категории.

Номинираните за наградата „Светски спортист на годината „Лауреус“ се најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, шампионот во Формула 1, Макс Верстапен, американскиот пливач Кејлеб Дресел, кенискиот тркач на долги патеки Елиуд Кипчоге, полскиот фудбалер Роберт Левандовски и американската НФЛ-ѕвезда Том Брејди.

Номинираните за наградата „Лауреус“ за спортистка на годината се водечката светска тенисерка Ешли Барти, американската атлетичарка Алисон Феликс, шпанската фудбалерка Алексија Путелас, атлетичарката од Јамајка Елејн Томпсон-Хера, австралиската пливачка Ема Мекеон и американската пливачка Кејти Ледецки.

Номинирани за наградата „Лауреус“ за најдобар светски спортски тим на годината се фудбалската репрезентација на Аргентина, женскиот фудбалски тим на Барселона, олимпискиот нуркачки тим на Кина, фудбалската репрезентација на Италија, тимот на Формула 1 Мерцедес-АМГ Петронас и шампионот во кошаркарската НБА-лига Милвоки бакс.


1 view

Comments


bottom of page