top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ блескаше во својот прв работен ден на земјена подлога и испрати силна порака (Видео)

09.04.2024 April Vtornik

Новак Ѓоковиќ успешно го мина првиот работен ден на земјена подлога во 2024-та година, откако ова попладне блескаше на мечот од второто коло на Мастерсот во Монте Карло.

Светскиот рекет број еден пристигна во Монако без преголеми очекувања, но денешниот настап делува и тоа како охрабрувачки, особено ако се знае дека својот настап го откажа и Карлос Алкарас.

Ноле играше брилијантен тенис и најверојатно го одигра најдобриот меч од стартот на година, па со тоа ниво не му даде никаква шанса на Роман Сафјулин.

Ѓоковиќ „црташе“ на централниот терен во Монте Карло и освои низа импресивни поени, а на крајот рутински славеше со 6:1 и 6:2 за еден час и десет минути игра.

Новак на овој начин се пласираше во третото коло, а таму за ривал ќе го има подобриот од дуелот меѓу Артур Филс и Лоренцо Музети.



0 views

Comments


bottom of page