top of page

Ѓоковиќ: Би сакал да имам 19 години – нема да застанам, дури ни со една нога!

02.06.2026 Juni Vtornik

Младиот Жоао Фонсека приреди сензација на турнирот откако по голем пресврт го елиминираше Новак Ѓоковиќ со 3-2 во сетови.

По натпреварот српскиот ас отворено зборуваше за причините за поразот, истакнувајќи дека физичкиот пад во клучните моменти одиграл голема улога.„Ќе беше подобро да завршеше во два сета, но не беше така. Останав без енергија и не се чувствував добро на теренот. Во вакви мечеви секогаш има момент на одлука, а тој го искористи својот. На секој форхенд удираше силно и беше тешко за читање“, изјави Ѓоковиќ.

Новак посебно ги потенцираше пропуштените шанси, посочувајќи дека во клучните моменти Фонсека одговарал со одличен сервис.„Имав брејк можности, но тој возвраќаше со асови. Секоја чест за него. На крајот од четвртиот сет мислев дека имам шанса, но тој играше агресивно и многу сигурно“, додаде српскиот тенисер.

Ѓоковиќ призна дека падот на енергијата во третиот сет бил пресуден, но истакна дека никогаш не се предавал, без разлика на околностите.„Паднав физички во третиот сет. Би сакал да имам 19 години на теренот, но го оттуркав мечот до пет сета. Секој што сака да ме победи на Гренд слем, мора навистина да ме надигра. Нема да застанам, па макар и со една нога“, порача Ѓоковиќ.

Овој пораз претставува едно од најголемите изненадувања на турнирот, а Фонсека со оваа победа најави светла иднина на големата тениска сцена.


 
 
 

Comments


bottom of page