top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ѓоковиќ 10 години нема пораз на централниот терен

ТЕНИС – ВО ПРЕСРЕТ НА ГРАНСЛЕМ-ТУРНИРОТ ВИМБЛДОН

Остануваат уште седум дена до почетокот на годинашниот тениски гранслем-турнир Вимблдон, а Србинот Новак Ѓоковиќ важи за еден од главните фаворити на овој турнир. Ѓоковиќ седум пати триумфира на терените на клубот „Ол Ингланд“, а моментно е во серија од четири титули во низа на Вимблдон. Му недостига само уште еден трофеј за да го израмни рекордот, кој е во сопственост на Швајцарецот Роже Федерер, кој осум пати го кренал славеничкиот пехар на Вимблдон.

Наскоро се навршуваат точно десет години од последниот пораз на српскиот тенисер на централниот терен. Тоа се случи во финалниот меч во 2013 година, кога Британецот Енди Мари го победи Ѓоковиќ со 6-4, 7-5, 6-4, што воедно е единствениот пораз на Ѓоковиќ во решавачки меч на Вимблдон. Оттогаш Ѓоковиќ освои шест титули и доживеа само два пораза, и тоа двата на теренот број 1.

Колку игра квалитетно Ѓоковиќ во Лондон најдобро покажуваат и податоците за должината на неговата доминација изразена во победи. Последен пат кога некој го победил Ѓоковиќ на лондонската трева, а мечот бил завршен, се случило пред 2.550 дена, кога Американецот Сем Квери славел пред седум години. Една година подоцна, Ѓоковиќ го предаде мечот против Чехот Томас Бердих поради проблеми со лактот, а потоа следуваше четиригодишна доминација, со пауза во 2020 година, кога не се одигра турнирот поради пандемијата. Г.И.


1 view

Comments


bottom of page