top of page
Search

Шутерскиот тренинг на Кари пред дербито со Далас ги остави Американците без текст: Стеф не е човек (

28.02.2022 Februari Ponedelnik

Шутерскиот тренинг на Кари пред дербито со Далас ги остави Американците без текст: Стеф не е човекСтеф Кари беше најдобар поединец на Голден Стејт во болниот пораз кој го претрпе овој тим рано утрово, бидејќи Далас успеа да се избори за страшен пресврт во ситуација кога имаше и 21 поен негатива на крајот на третата четвртина.

Лука Дончиќ ги презема работите во свои раце и го водеше Далас до пресрвт и победа од 101:107, но спектакуларната партија на Словенецот нималку не го потисна шоуто кое го имаше најголемата ѕвезда на домашниот тим пред мечот.

Кари беше извонреден и на натпреварот со 27 поени и 10 асистенции, но покажа како се прави вистински спектакл во НБА лигата и за време на едно загревање.

Според многумина, Кари е најдобар шутер во историјата на НБА лигата, а ваквите ставови изгледаат оправдано ако се погледне видеото од неговото загревање пред мечот со Далас.



1 view
bottom of page