Шундовски: Можеме да ја изненадиме Фредериција, Пелистер има тим за титула во Македонија
- Aleksandar Santovski
- Oct 30, 2024
- 1 min read
30.10.2024 Oktomvri Sreda
Еурофарм Пелистер утре го игра седмиот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, средба во Данска против составот на Фредерија.
Фредерија е една од најслабите екипи во групата А и има само еден бод повеќе од македонскиот првак и токму поради ова предводникот на „фармацевтите“, Звонко Шундовски верува и е убеден дека со една ангажирана, посветена игра низ сите 60 миинути може да се дојде до позитивен резулат на ова гостување.
-Фредериција генерално е добар тим, доаѓа од Данска која сите знаеме што значи во европскиот и светкиот ракомет. Тоа е тим кој игра типичен дански ракомет, брзо, модерен и со доста шутеви од надвор. Имаат микс на квалитетни дански и странски играчи. Преферираат да играат брз ракомет, да играат „еден на еден“, но мислам дека може да ги изненадиме, да оствариме добар резултат.
-Со победата против Висла, тие имаат добиено самодоверба, но тоа нас не нè интересира. Имаме своја работа и подготвени сме добра игра и позитивен резултат. Сите веруваме во тоа и со правилен пристап имаме шанси, -истакна Шундовски кој смета дека Пелистер има тим за титули на домашната сцена, но и за бодови во елитното натпреварување.
-Говорот на телото“ на нашите играчи е подобар, пофокусирани сме и убеден сум дека имаа добра екипа која ќе ги покаже своите квалитети. Таа екипа е составена да го освои домашното првенство и нормално бодови во Лигата на шампионите, -подвлече популарниот Шундо.

Comentários