top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Шумахер остана без место во Формула 1

Мик Шумахер ќе биде уште еден актуелен Ф1 пилот кој ќе остане без место за следната сезона од престижниот шампионат.

Германецот кој е син на легендарниот Михаел Шумахер очигледно не ги убеди одговорните во Хас дека треба да добие нова шанса и ќе биде заменет со Нико Хулкенберг.

Хас го враќа Хулкенберг на големата сцена, а35-годишниот возач последен пат настапуваше во Формула 1 како дел од екипата на Рено во 2019 година, а подоцна имаше неколку појавувања во шампионатот како резервен возач на Рејсинг Поинт, односно Астон Мартин.

Шумахер може да добие евентуална шанса само ако Американецот Логан Серџант не освои доволно поени на последната Формула 2 трка, а со тоа да не добие лиценца за настап во тимот на Вилијамс следната сезона.

Германецот сезонава освои 12 поени за Хас, а најчесто ги губеше дуелите со тимскиот колега Кевин Магнусен, истовремено оштетувајќи го својот болид во неколку ситуации.


1 view

Komentarze


bottom of page