Штутгарт го продава Македонецот: Чурлинов веќе ги договорил личните услови за трансфер! (Фото)
Updated: Aug 12, 2022
Медиумите блиски до Штутгарт уште вчеравечер пренесоа дека иднината на Дарко Чурлинов е далеку од германскиот клуб, а денеска половина час после пладне, пристигна најнова вест од Германија поврзана за иднината на македонскиот репрезентативец.
Брзоногото крило воодушеви со настапите во пресезонската турнеја на Штутгарт и го привлече интересот на повеќе клубови, откако на почетокот на летото Шалке 04 ја пропушти својата шанса да го ангажира според пропишаната клаузула од пет милиони евра.
Чурлинов блескаше токму во дресот на Шалке како позајмен фудбалер минатата сезона, но неговата фудбалска иднина сега е надвор од Германија и тоа го потврди и угледниот новинар, Флоријан Плетенберг.
Претставникот на „Скај Германија“ секогаш има проверени трансфер информации, а пред неколку минути објави дека Чурлинов веќе ги договорил личните услови со Андерлехт, иако во игра и натаму останува Барнли кој е предводен од Венсан Компани.
– Чурлинов има постигнато личен договор со Андерлехт за договор до 2027 година! Штутгарт очекува официјална понуда до петок од 4-5 милиони евра за трансфер. И Компани го сака Чурлинов, но Барнли сака да плати само околу 3 милиони евра во оваа фаза. Штутгарт сигурно ќе го продаде, – гласи објавата на Флоријан.
Комментарии