top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Штипскиот театар се прилагодува за лицата со физички хендикеп

Во Народниот театар во Штип од денеска почна поставувањето на клима уреди, но и на ново озвучување.

Според директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Горан Трајков салата е прилагодена и за лицата со физички хендикеп кои се движат со помош на инвалидски колички, но и со оштетен слух.

Во првите редови извадени се столчиња и оставен е простор, за да лицата со физички хендикеп без проблеми ја следат претставата. Поставени се и титл машина, за да лицата со оштетен слух можат да ја следат било која претстава.

“Денеска почнавме со комплетно климатизирање и звучна инсталација на целиот објект на Театар Штип, со што го решивме долгогодишниот проблем со кој се соочуваа актерите и љубителите на театарските претстави. Од денеска и во иднина, театарските претстави ќе можете да ги гледате во климатизирани и добро озвучени услови“, посочи Трајков.

Инвестициите во Народен театар – Штип се реализираат од сопствениот буџет, односно од продажбата на билетите на претставите. Според проценките оваа инвестиција значајна за актерите, но и за публиката чини речиси 2.000 евра.


0 views

Comments


bottom of page