top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Штафетно злато за Шведска во бијатлон

Штафетата на Шведска, го освои златото на Зимските олимписки игри во Пекинг, во бијатлонската штафета 4×6 километри. Лин Персон, Мона Брорсон, Хана Оерберг и Елвира Оерберг, по голема борба, благодарение на одличното трчање, во целта влегоа со време 1:11:03.9 часа. На стрелиштето Швеѓанките шест пати промашија, но немаа ниту една казна. Второто место го освои руската штафета. Ирина Казакевич, Кристина Резцова, Светлана Миронова и Ултана Нигматулина, имаа предност до второт гаѓање во третата измена, кога добија еден круг казна. Тука ја изгубија предноста од одличните Швеѓанки. На крајот во целта имаа 12 секунди послаб резултат од победничката штафета. Бронзата им припадна на Германките: Ванеса Војт, Ванеса Хајнц, Франсиска Пројс и Дениз Херман.


1 view

Comments


bottom of page