Шпанците тврдат: Надал оствари уште еден животен сон надвор од тенискиот терен (Фото)
Рафаел Надал тешко дека ќе може да ја заборави првата половина од 2022-ра година, бидејќи по тешката операција се врати на терените со два освоени грен-слем турнири, а сега го добил и најдобриот можен подарок. Како што тврдат угледните шпански магазини и медиуми, најдобриот шпански тенисер за првпат во својот живот ќе стане татко, откако неговата сопруга Мери Чиска Парелјо останала трудна. По долгогодишната врска, Рафа се ожени со Чиска во 2019-та година и ја овековечија својата врска со приватна свадбена церемонија, а во блиска иднина, двајцата ќе станат родители бидејќи се во исчекувањето на првото дете. Надал во минатото во повеќе наврати потенцираше дека сака да стане татко и да ја доживее и таа одговорност во животот, желба која сега му се остварува во 36-та година од животот. Оваа вест од Шпанија пристигнува во подготовките за тенискиот грен слем во Лондон, па повеќе од јасно е дека Рафа ќе има дополнителен мотив за успех на Вимблдон.
Comments