top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Шпанските репрезентативки поставија ултиматум за смена на селекторот


Најголем дел од членовите на шпанската женска фудбалска репрезентација побарале смена на селекторот Хорхе Вилда.

Федерацијата добила барање потпишано од 15 фудбалерки, а во истото се бара итна промена на Вилда, кој влијаел негативно емотивно и психолошки врз репрезентативките на Шпанија.

Шпанските најдобри фудбалерки се заканиле дека ќе се откажат од настапот за репрезентацијата ако не дојде до промена, но федерацијата не сака да го прифати ултиматумот.

– Ваквите одлуки нема да ги носат репрезентативците.

– Федерацијата ќе смета само на посветени фудбалерки, дури и ако треба да настапуваат членови на младинските категории, – стои во соопштението на Шпанската фудбалска федерација.

Вилда е селектор на Шпанија од 2015 година.


1 view

Comments


bottom of page