Шпанска новинарка доживува хорор поради прашањето кое му го постави на Анчелоти (Фото)
- Aleksandar Santovski
- May 3, 2023
- 1 min read
Винисиус Жуниор го пропушти вчерашното гостување во Сан Себастијан поради десеттиот жолт картон кој го заработи на натпреварот против Алмерија, а неговото однесување беше повод за едно прашање кое доби едноставен одговор од Карло Анчелоти. Шпанската новинарка Марија Моран го запраша Анчелоти дали е подобро Винисиус еднаш да добие црвен картон и да ја научи лекцијата околу протестите, по што Дон Карло го одговори следното: – Црвен картон? Не му е потребно тоа. Да бидам искрен, недостасува да добие уште црвен картон после сите жолти картони кои ги доби. Мислам дека тоа му е доволно, – одговори Анчелоти. Оваа конверзација од прес-конференцијата беше споделена од шпанските медиуми, но немаше да добие толку голема важност ако Марија сега не откриеше што и се случи после поставеното прашање. Познатата новинарка се пожали преку социјалните мрежи и обелодени дека доставила пријава во полиција, откако била нападната од навивачи на Реал и добила безброј ужасни навреди и закани. – Ќе ме силувале, велат дека мојата ќерка е кучка, навредуваат едно бебенце. Се ова е пријавено во полицијата, – објави Марија на Твитер.

Comentários