Search
Шпанска доминација во брзо одење на Светското првенство во атлетика
Шпанскиот двоец Алваро Мартин и Марија Перез повторно беа најдобри во брзо одење овој пат во трката на 35 километри.
По златото на 20 километри, Перез триумфираше и во втората дисциплина овој пат пред актуелната Шампионка Кимберли Гарсија Леон од Перу и Антигони Дрисбиоти од Грција.
Кај мажите Мартин стигна и до второто злато откако на целта пристигна со четири секунди предност во однос на Брајан Даниел Пинтада од Еквадор и Јапонецот, Масатора Кавано.
Comments