top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Шпанија ја продолжи агонијата на Англија и дојде до четврта европска титула!

15.07.2024 juli Ponedelnik

Шпанската фудаблска репрезентација го играше најубавиот фудбал на Европското пренство во Германија, а на крајот доби награда за храбриот и офанзивен пристап и во големото финале во Берлин.

„Црвената фурија“ покажа дека едноставно не знае да губи кога ќе дојде до еден финален меч, па така вечерва стигна до својата четврта титула на Европските првенстав, успех со кој дополнително ја продолжи агонијата на Англичаните.

„Гордиот Албион“ се надеваше дека ќе ја прекине црната серија и дека ќе ја освои првата титула на континенталните собири, но Герет Саутгејт и неговите играчи ќе мора да почекаат нова шанса.

Финалето во Берлин не понуди воопшто допадлив фудбал во првиот дел и речиси да не видовме никаква активност во двата шеснаесетници, но затоа вториот дел почна експлозивно.

Шпанија одработи одлична акција и топката од десната се префрли на левата страна, а таму Нико Вилијамс беше подготвен за удар на прва и гол за водство на „фуријата“. Во овој период, тимот на Де ла Фуенте беше далеку подобар на теренот и изгледаше дека е поблиску до втор гол, но наместо тоа, видовме враќање во игра на Англија.

Кол Палмер со извонреден удар го совлада Симон и внесе голема неизвесност во финалето, но во моментите на вистината, Шпанците повторно беа поодлучни и похрабри. Втората извонредна акција заврши со асистенција на Кукурелја и гол на Ојарзабал, па во тој момент стана јасно дека Шпанија почнува да ја слави четвртата европска титула.





1 view

Comments


bottom of page