Шпанија ја победи Црна Гора, лудо реми на Италија и Грција
Два дерби натпревари се одиграа на ватерполо турнирот во Токио. Шпанија славеше над Црна Гора 8:6, додека Итаија и Грција одиграа нерешено 6:6. Шпанците ја истакнаа кандидатурата за златниот медал на олимпискиот турнир. По победата над Србија (13:12) во првото коло, во второто ја победија Црна Гора со 8:6. Во пресрет на уште едно дерби, против Хрватска, Шпанците се лидери во групата. Грција и Италија одиграа неверојатен меч во А-групата. На крајот немаше победник 6:6. Грците, од финишот на втората четвртина ја започнаа серијата од 5:0, од 1:2 дојдоа до 6:2, при тоа не им дозволија на Италијанците да постигнат гол во третиот период. Сепак Италија избегна пораз благодарение на кукавичката игра на Грците во решавачкиот период, во кој се решија да го браната својот гол и да играат долги напади. Италија успеа да израмни на 66 и притоа да промаши напад за победа.
Comments