Шпанија за мечот со Македонија без играчи од Реал и од Барселона
Updated: Nov 18, 2021
17.11.2021 Noemvri Sreda
КОШАРКА – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2023
Селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Серхио Скариоло го соопшти поширокиот список со 24 кошаркари за двата дуела во првиот квалификациски дел во групата Г за пласман на Светското првенство (СП) во 2023 година. Македонија и Шпанија треба да играат меѓу себе на 26 ноември во Скопје, потоа Македонија се среќава со Украина на гости, а Шпанија дома со Грузија, двете на 29 ноември. Во составот на репрезентацијата на Шпанија, актуелен светски првак, нема кошаркари од шпанските евролигаши Реал Мадрид и Барселона. Скариоло повика по пет кошаркари од Валенсија и од Уникаха Малага, а од играчите што настапуваат надвор од Шпанија, шпанскиот селектор се одлучи само за Себастијан Саиз, кој игра во Јапонија. Поширок список на репрезентативци: Франсис Алонсо, Дарио Бризуела, Алберто Диаз, Хаиме Фернандез, Рубен Гереро (Уникаха), Дани Диез, Фран Гуера (Тенерифе), Кино Колом, Хаби Лопез-Арестеги, Хаиме Прадиља, Жозеп Пуерто, Хун Састре (Валенсија), Марк Гарсија, Мигел Салво (Сан Пабло Бургос), Жулем Хоу, Дани Перез (Манреса), Ориол Паули (Гран Канарија), Виктор Артеага (Естудијантес), Џонатан Бареиро (Сарагоса), Феран Басас (Хувентуд), Илмане Диоп (Баскониа), Жоел Пара (БВВ Тим 3), Себастијан Саиз (Јапонија) и Жосеп Бускет Коста (без клуб).
Comments