top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Шпанија доминира во брзото одење, две злата во еден ден на атлетскиот Мундијал

Шпанските атлетичари Марија Перез и Алваро Мартин освоија златни медали во брзо одење на 35 километри на Светското пренство кое се одржува во Будимпешта.

Мартин ја комплетираше трката за 2:30.00 часа, а воедно постави и нов национален рекорд на Шпанија. Среброто замина кај атлетичарот од Еквадор, Даниел Пинтадо, кој целта ја мина четири секунди подоцна, додека бронзениот медал оди на градите на Јапонецот Масаторо Кавано. Алваро Мартин стигна до второто најсјајно одличје на Светското првенство, откако претходно го освои и златото на трката од 20 километри.

Марија Перез го надополни својот колега на најдобар можен начин и го комплетираше сензационалниот ден за Шпанија, освојувајќи го златниот медал во истата дисциплина.

Таа ја заврши трката за 2:38:40 часа и постави нов рекорд на атлетските Мундијали. Перуанката Гарсија Леон го освои сребрениот медал, а бронзата оди кај Андигона Дризбиоти од Грција.




2 views

Комментарии


bottom of page