Search
Шортс промаши тројка за продолжение, Париз го претрпе првиот сезонски пораз
- Aleksandar Santovski
- Oct 6, 2023
- 1 min read
Екипата на Париз за која настапува македонскиот репрезентативец, Ти Џеј Шортс го претрпе првиот сезонски пораз во првата лига на Франција.
Домаќините одиграа борбен натпревар и водени од своите навивачи се изборија за тесен триумф од 81:78. Средбата можеше да заврши и поинаку ако Шортс погодеше со звукот на сирената и го однесеше мечот во продолжение, ама неговиот обид беше неуспешен по што започна славјето на Нанси.
Македонскиот репрезентативец одново беше прв стрелец во Париз со 17 поени на кои додаде 2 скока и 7 асистенции, додека кај победникот Мејсон и Џонсон реализираа по 19 и 17 кошеви.
Париз со учинок 4-1 се наоѓа на третото место на табелата.

Comentários