Шортс прогласен за МВП на сезоната во Еврокупот
09.04.2024 April Vtornik
Ти-Џеј Шортс е избран за МВП на сезоната во кошаркаркиот Еврокуп, признание кое заслужено го доби откако го предводеше својот тим Париз до пласман во финалето на ова европско натпреварување.
Тренерите, капитените, фановите и претставниците на медиумите учествувале во гласањето за најкорисен играч во сезоната која ќе биде крунисана со француско финале, а повремениот македонски репрезентативец добил најмногу гласови.
Шортс ја добива наградата на денот на кој започнува финалната серија, а неговиот тим Париз ќе се соочи со Бург, две од вкупно четири француски екипи кои досега играле финале во Еврокупот.
Париз издоминира во групната фаза и беше убедлив во нокаут фазата, а Шортс беше прогласуван за МВП и на четвртфиналната и полуфиналната фаза.
Претходно, Шортс беше вметнат и во најдобрата петорка, а таму друштво му прават Вилијамс од Улм, Оласени и Морган од Лондон Лајонс и Мајк од Бург.
Comments