Шокантен расплет на „Луж“: Голот на Митровиќ го доведе Роналдо до раб на солзи (Видео)
Updated: Nov 16, 2021
14.11.2021 Noemvri Nedela
Кристијано Роналдо беше максимално неутрализиран од српските фудбалери на вечерашниот меч во Лисабон, кој на крајот заврши со најнепосакуван епилог за домашната селекција која влезе како фаворит во дуелот со Србија. Португалија играше премногу претпазливо и само се обидуваше да го задржи резултатот 1:1, кој беше важечки до 90-та минута кога Александар Митровиќ се најде на вистинско место во вистинско време. Митрогол одлично го испрати центаршутот од Тадиќ и ја замолкна публиката во Лисабон, но истовремено ја разбесни и разлути најголемата португалската ѕвезда. Капитенот на домашниот тим очајно и во немоќ се обидуваше да им објасни на своите соиграчи како требале да се бранат од акцијата за гол на Србите, но потоа имаше еден ужасен обид со лева да израмни на 2:2. На крајот, пресвртот на Србите до толку го фрустрираше Роналдо, што тој беше на работ од солзи во ситуација кога Португалија пропушти да го завери својот билет за Светското првенство. Таму ќе ја гледаме Србија, а Португалија ќе има втора шанса за такво нешто преку баражот.
コメント