Шок терапија во Јувентус: Комоли добил отказ, веќе е најавен и неговиот наследник
- Aleksandar Santovski
- 4 days ago
- 1 min read
11.06.2026 juni Cetvrtok
Јувентус никако не може да биде задоволен од последната сезона, во која покрај тоа што не успеа да обезбеди ни пласман во Лигата на шампионите, ги разочара фановите и со новата серија промашени трансфери.
Демиен Комоли кој беше доведен во клубот да ја подобри трансфер стратегијата и кој во меѓувреме доби функција на Извршен директор, денеска добил отказ од првиот човек на клубот, Џон Елкан, кој очигледно решил да направи посериозни промени во текот на ова лето.
Методите на Комоли се покажаа како неуспешни и промашени и парите потрошени на засилувања имаа минимален ефект на теренот за тимот на Лучијано Спалети, што на крајот зема данок и во битката за место во ЛШ.
Французинот заминува по само една сезона, што само по себе е уште еден неуспех на оваа менаџерска структура, која го презема раководењето по заминувањето на Андреа Ањели, а во меѓувреме го отпушти и Кристијано Џунтоли.
Јувентус наскоро ќе го официјализира заминувањето на Комоли, а се шпекулира дека главен кандидат да го наследи е Џовани Карневали, долгогодишниот директор и генерален менаџер на Сасуоло.






Comments