top of page
Search

Шок во Париз – испадна финалистката на Ролан Гарос и Вимблдон

30.07.2024 juli Vtornik

Јасмин Паолини, финалистката на Ролан Гарос и Вимблдон, го заврши настапот на Олимписките игри.

Италијанката која беше четврта носителка на турнирот беше запрена во осминафиналето, подобра од неа беше 67. рангирана во светот Словачката Ана Каролина Шмиедлова со 7:5, 3:6, 7:5.

Беше жестока битка меѓу две тенисерки, играа два и пол часа, на крајот Шмиедлова имаше поголема сила и концентрација.

Тоа беше натпревар на кој имаше голем број брејкови на двете страни, но тенисерката од Словачка беше нешто подобар.

Паолини успеа да направи брејк во сетот и да поведе со 5:4, но не можеше да сервира за победа.Шмиедлова врза три гема до крајот и стигна до голема победа.

Таа во четвртфиналето ќе се соочи со победничката од мечот меѓу Јелина Свитолина и Барбора Крејчикова.


1 view

Comments


bottom of page