Search
Шкупи повторно мета на вандали, клубот се надева на божја казна за крадците
- Aleksandar Santovski
- Oct 26, 2023
- 1 min read
Шкупи игра добро во изминатиов период како во првенството така и во Купот на Македонија, но се во исто време се соочува со други проблеми поради кои трпи клубот.
Имено пред некое време вандали им уништија дел од тревникот кој беше поставен на Чаир за да се сега поранешниот македонски првак се пожали дека крадци им влегле во клупските простории и го украле телевизор и проектор.
Случајот е пријавен во полиција и од Шкупи се надеваат дека сторителите на ова дело ќе бидат откриени и санкционирани.
-Оние кои го направиле ова дело се срам на Чаир и се нечесни. Казната за нив ја оставаме прво на Бога, па на полицијата, а потоа и на жителите на Чаир, -стои во дел од реакцијата на македонскиот прволигаш.

Comments