top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Шкотска остана без еден од најважните играчи до крајот на ЕП

21.06.2024 Juni Petok

Фудбалската репрезентација на Шкотска докрај ќе се бори за евентуален пласман во нокаут фазата, но селекторот Стив Кларк нема да смета на многу важен играч до крајот на првенството.

Киран Тирни заработил посериозна повреда на дуелот со Швајцарија, па денеска од шкотскиот табор потврдиле дека тој ќе го напушти репрезентативниот камп.

На денешната прес-конференција, од шкотскиот табор најавиле дека Тирни ќе ја продолжи рехабилитацијата под контрола на клупските лекари на Арсенал, клуб кој може да биде загрижен поради проблемот на фудбалерот за кој веројатно ќе бараше и купувач во летниот преоден рок.

Шкотска ќе се бори за позитивен резултат на дуелот со Унгарија во последното коло, а натпреварот се игра во недела од 21 часот.


0 views

Comments


bottom of page