top of page

ШК Алкалоид продолжува по планот: Прво камп, а потоа јуниорски првенства за напредните млади шахисти

ШК Алкалоид продолжува по планот: Прво камп, а потоа јуниорски првенства за напредните млади шахисти!Шаховскиот клуб Алкалоид учествува со 45 млади шахисти на јуниорските државни првенства во шах кои викендов започнаа во Струга.

Настапуваат вкупно 154 учесници, поделени во шест старосни категории. Кај момчињата меѓу 121 учесник има 33 претставници на клубот, додека кај девојчињата 12 шахистки од вкупно 33 ги бранат боите на нашиот најтрофеен шаховски колектив. Кај машките најбројни се категориите до 10 и 14 години, каде има конкуренција од 26 односно 29 пријавени, додека кај девојчињата најбројни се категориите до 10 и 12 години со 8 односно 10 учеснички.

Унапредувањето на знаењето кај младите кои сакаат да го изучуваат шахот е една од основните цели што ШК Алкалоид се обидува да го постигне, па во таа насока пред овие првенства беше организиран и вториот годинешен тренинг камп за јуниорите.

– Кампот беше дополнителна поддршка за младите шахисти кои веќе настапувале за клубот и постигнале првични успеси. Тој е дел од еден континуиран план за работа со младите, со кој се трудиме да го унапредиме нивниот тренажен процес. Јуниорите преку годината добиваат поддршка во вид на часови, а сега ја надополнуваме таа програма и со нивно едуцирање за подготовка на турнири во текот на летната сезона, како и други теми од шаховската теорија,- рече Велемајсторот Трајко Недев.

Покрај ВМ Недев, на кампот учествуваа и другите шахисти од сениорскиот состав на ШК Алкалоид, ВМ Роландо Кутиров, ВМ Влатко Богдановски и ВМ Звонко Станојоски, кој минатиот месец по деветти пат ја освои титулата државен првак.

Овој камп воедно им послужи на тренерите за да ја увидат и актуелната форма на јуниорите, како и да им дадат совети за настапите што ги очекуваат.






 
 
 

Comments


bottom of page