top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Шифрин се израмни со Хиршер, почнува потерата по Вон и Стенмарк

16.12.2020 Декември Среда

АЛПСКО СКИЈАЊЕ

Американската скијачка Микаела Шифрин се искачи на третото место според бројот на победи, 67, во Светскиот куп (СК) во алпско скијање, колку што има и Австриецот Марсел Хиршер, кој лани престана да се натпреварува во СК. Повеќе победи од Шифрин и од Хиршер имаат само Американката Линдзи Вон, 82, и Швеѓанецот Ингемар Стенмарк, 86, двајцата исто така пензионирани. Шифрин (25), двојната олимписка шампионка и трикратна победничка во СК, 67-та победа ја забележа на велесломската трка во Куршевел, Франција, прва за неа по 26 јануари годинава. Поради смртта на нејзиниот татко на 2 февруари, потоа поради пандемијата на коронавирусот и повредата на грбот, таа пропушти повеќе трки, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“. – Многу е тешко за објаснување. Деведесет и пет проценти од мене сметаа дека не можам да го направам ова, а потоа мал дел од мене како да се разбуди во вистинското време. Дефинитивно не бев сама на патеката, добив сила од повеќе луѓе. По малку сум тажна, но и задоволна. Горда сум на моето скијање, сѐ беше многу посебно. Победата е признание за моите тренери, за мајка ми, за целиот мој тим – изјави Шифрин со солзи во очите по трката.

НАЈМНОГУ ПОБЕДИ ВО СВЕТСКИОТ КУП

Ингемар Стенмарк 86 Линдзи Вон 82 Микаела Шифрин 67 Марсел Хиршер 67 Анемари Мозер-Прел 62


0 views

Comments


bottom of page