top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Шифрин израмни рекорди на Стенмарк и на Вон

АЛПСКО СКИЈАЊЕ – СВЕТСКИ КУП

12.03.2024 Mart Vtornik

Микаела Шифрин (САД) напиша уште едно извонредно поглавје од својата кариера со триумфално враќање на трките во Светскиот куп (СК) во алпско скијање, во Оре (Шведска), на врвен начин, откако паузираше шест недели поради повреда, таа победи во слаломот и ја освои осмата титула во таа дисциплина во Светскиот куп во кариерата, пишува Интернационалната скијачка федерација (ФИС). За Шифрин победата е 59-та во слалом и вкупно зголемен рекорд, 96-ти триумф во Светскиот куп.Шифрин се изедначи со осумте титули во слалом во Светскиот куп во кариерата на шведската легенда Ингемар Стенмарк. Таа, исто така, го израмни рекордот за најмногу титули во Светскиот куп во една дисциплина, бидејќи Стенмарк има по осум во слалом и во велеслалом, а Линдзи Вон (САД) осум трофеи во спуст. Австриецот Марсел Хиршер, пак, осум пати го освои првото место во генералниот пласман на Светскиот куп за мажи, пишува ФИС.Шведскиот скијачки центар Оре беше амбиент за првата победа на Шифрин во Светскиот куп во кариерата, во декември 2012 година, потоа за нејзиниот рекорден 87. триумф во Светскиот куп, во март 2023 година и место каде што таа ја освои четвртата последователна и претходна титула во слалом во Светскиот куп, во 2019 година, пишува ФИС.Дополнително, тоа беше седма победа на Шифрин во трка во Светскиот куп во Оре (има шест во слалом и една во велеслалом), што е еднакво на седумте победи во кариерата што таа ги постигна и во Куршевел, Леви и во Семеринг, пишува ФИС. Н.М.

НАЈМНОГУ ПОБЕДИ ВО СК

Микаела Шифрин 96Ингемар Стенмарк 86Линдзи Вон 82Марсел Хиршер 67Анемари Мозер-Прел 62

НАЈМНОГУ ТИТУЛИ ВО ЕДНА ДИСЦИПЛИНАИнгемар Стенмарк осум во слаломИнгемар Стенмарк осум во велеслаломЛиндзи Вон осум во спустМикаела Шифрин осум во слаломАлексис Пинтуро шест во комбинација


1 view

Comments


bottom of page