top of page
Search

Ширер: Има само една извноредна репрезентација на ова ЕП

26.06.2024 Juni Sreda

Англиската фудбалска репрезентација разочара со уште едно свое издание на Европското првенство, а тоа беше причина плус за експертите да продолжат со своите тези за самодеструкција во кој западна националниот тим.

Герет Саутгејт трпи сериозни критики по воведната фаза на турнирот во Германија и пласманот во осминафиналето не е никаква утеха за експертите, кои се свесни дека со ваква игра, Англија ќе потфрли на првиот посериозен испит во нокаут фазата.

Алан Ширер смета дека играта на Англија е неинспиративна и не гледа никаква шанса да се освои трофејот, нешто што изгледаше доста реално на стартот на турнирот, кога токму тимот на Саутгејт беше посочен како прв фаворит.

Засега праксата покажува дека има многу поразиграни тимови од Англија, но Ширер вели дека за издвојување е само играта на Шпанија која според него е извонредна.

– Треба да бидеме искрени и да ги согледаме фактите. Иако продолжуваме како непоразени и ја освоивме групата, начинот на кој го направивме тоа беше неинспиративен. Постигнавме два гола на три меча против слаби ривали и ниту еден противник не создаде големи проблеми.

– Фудбалот кој ќе го гледаме во нокаут фазата ќе биде сосема поинаков, но сега ниту една селекција нема да ни се плаши со оглед на нивото кое го покажавме. За мене прв фаворит беше Франција, но и тие се неубедливи како нас. Всушност, за мене постои само една извонредна репрезентацијата на ова Европско првенство, тоа е Шпанија. Сите останати се далеку од своите најдобри верзии, – потенцира Ширер.


0 views

Comments


bottom of page