Ширер за најавениот трансфер на Кејн: Дајте ми клучеви и сам ќе го однесам!
Хари Кејн допрва треба да го реши клупското прашања, поточно да се расчисти неговата ситуација со Тотенхем, клуб со кој е врзан до 30 јуни 2024 година.
Премиерлигашот нема да игра во Европа во наредната година што е секако голем чекор назад, ситуација која дефинитивно го погодува и самиот Кејн кој со години е верен, трплеив, желен да успее со клубот, ама и покрај сите голови, асистенции не беше остварен позначаен резултат, освоена титула.
Баерн Минхен сака да го види во своите редови, наводно веќе и ги договорил личните услови, па сега треба да се разбере со Тотенхем и Даниел Леви кој е познат како тежок човек, преговарач дури и во ваква ситуација која напаѓачот може наредната година да си замине без никакво обештетување.
Легендарниот Алан Ширер даде краток коментар на оваа тема, па дури се пошегува порачувајќи дека е подготвен да го однесе сонародникот во Минхен се со цел истиот да не може да го собори неговиот рекорд за дадени голови во Премиер лигата (260/213).
-Ако Хари сака да му се приклучи на Баерн, јас ќе го однесам со неговиот автомобил дотаму, се за да го заштитам мојот рекорд во ПЛ, -се пошегува Ширер.
-Вистината е дека надеж скоро и да не постои. Хари има речиси 30 години, ама се грижи за себе, се чува од големи повреди и е совршено способен да се врати во Англија за неколку години и да постигне доволно голови за да престигне. Сепак, дај ми ги клучевите, навигаци и го носам, порача Алан.
Commentaires