Ширер го прогнозираше пласманот на Англија на престојното СП во Катар
Англиската фудбалска репрезентација беше финалист на последното Европско првенство, но експертите не ја сметаат за еден од најголемите фаворити за триумф на мундијалот во Катар.
Денеска селекторот Герет Саутгејт го соопшти списокот на фудбалери кои ќе бидат во комбинација за овој престижен турнир, а легендарниот Алан Ширер излезе со прогноза за пласманот.
Некогашниот голгетер смета дека главен дострел на Англичаните е четвртфиналето и не можат подалеку од тоа.
– Не гледам како би стигнале толку далеку како на претходните два турнира.
– Мислам дека во однос на средниот ред и нападот, Саутгејт може да биде комфорен, но загрижува одбраната.
– Би требало да ја освоиме групата со квалитетот со кој располагаме, но во следните фази доаѓаат посилни противници и одбраната ќе биде проблем. Ако треба да го прогнозирам крајниот пласман, тогаш тоа е четвртфинале, – изјавил Ширер.
Англија е во група со САД, Велс и Иран, а потоа вкрстува со групата во која се Холандија, Сенегал, Еквадор и Катар.
コメント