„Шеќерни луѓе“ премиерно прикажан на 22. Филмски фестивал во Беверли Хилс
Краткометражниот филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски – „Сузи Кју продукција“ премиерно беше прикажан вчера во официјалната селекција на 22-то издание на Филмскиот Фестивал во Беверли Хилс во САД.
Филмот беше селектиран во каталогот на Канскиот филмски маркет за краткометражни филмови. Проекцијата во рамките на филмскиот маркет се одржа на 26 мај оваа година.
„Шеќерни луѓе“, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм на Северна Македонија и „Сузи Кју Продукција“ е единствениот краткометражен филм, што беше претставен оваа година на маркетот во Кан.
Главните улоги ги играат Сара Климоска и Филип Трајковиќ, сценариото е на Владимир Јанковски и Сузана Диневски, директори на фотографија се Димитар Попов и Дејан Димески, монтажата е на Гоце Кралевски, тонски дизајнер е Дарко Спасовски и музиката компонирана за филмот е на Дуке Бојаџиев.
Comments