top of page

Шести пораз во ФИБА Европа Купот: МЗТ настрада на гостувањето кај Ираклис

6 days ago
1 min read

11.11.2026 Noemvri Sreda

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе шестиот пораз во низа во групата Е од ФИБА Европа купот, откако вечерва загуби на гостувањето кај грчки Ираклис со убедливи 103:73.

Домаќинот Ираклис уште од самиот старт го наметна својот ритам, отворајќи го натпреварот со серија од 10:0 и добивајќи ја првата четвртина со двоцифрена предност од 29:17. Во вториот период „металците“ покажаа знаци на живот и успеаја да се доближат на само четири поени негатива (39:35), но грчкиот состав повторно ја врати контролата и на полувреме замина со сигурни плус 12 (47:35).

Во второто полувреме отпорот на аеродромци целосно спласна, па Ираклис во 31. минута стигна до недостижни +30 (83:53) и рутински го приведе мечот кон крајот.

Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Емир Крајиниќ со дабл-дабл учинок од 17 поени и 10 скокови, а го следеа Лесли Варнер со 15 и Петар Бошалевски со 12 поени. Кај победничкиот тим на Ираклис најмногу се истакнаа Ноа Хоршлер со 19 поени и 8 скокови, како и Џејлен Леке со 18 поени.

Пред македонскиот првак до крајот на годината остануваат уште четири дуели во европското натпреварување, почнувајќи од гостувањето кај естонски Тарту на 18 ноември, а во меѓувреме тимот го очекува и вечното дерби против Работнички во домашната Суперлига на 16 ноември.


 
 
 

Comments


bottom of page