Шерон Стоун смета дека нејзината репутација на „тешка“ ѝ наштетила на кариерата
Updated: Jul 9, 2021
08.07.2021 Juli Cetvrtok
Шерон Стоун вели дека била искрена за разни прашања во текот на годините и смета дека нејзината подготвеност јавно да дискутира за спорни работи го поткопала нејзиниот потенцијал за заработка.
63-годишната актерка изјави за WSJ Magazine: „Едноставно, возбудена сум кога гледам каде припаѓам во светот, да видам каде оди моето патување“.
„Мислам дека кога ги кажував сите тие работи – за кои сега жестоко дискутираат Камала Харис, нашата чудесна потпретседателка, и Мишел Обама и Хилари Клинтон – за правата на жените, прилично ми ја отежнаа мојата филмска кариера“.
„Луѓето сметаа дека сум ‘тешка’ затоа што ги барав тие работи и очекував да ги добијам бидејќи сметав дека се исправни и соодветни за мене и за другите жени“.
Шерон исто така смета дека ставовите еволуираат и на крајот – верува дека тоа може да им ги олесни работите на жените во филмскиот бизнис.
Comments