Search
Шерон Стоун присуствува на ревија на „Долче и Габана“ во Италија
Шерон Стоун минатиот викенд беше гостинка на ревија на висока мода на „Долче и Габана“, на која италијанското дуо ја презентира новата линија за мажи. Холивудската ветеранка (64) ги поздрави фановите кога пристигна на настанот, кој се одржа во Сиракуза, Италија. Ѕвездата на „Ниски страсти“, елегантна како и секогаш, за оваа пригода се реши за комбинезон во лимон-боја без рамо, со долга опашка и црн ремен околу половината. Креацијата вклучува градник со сребрени светки. 64 години никогаш не изгледале толку добро, коментираат светските таблоиди. Шерон важи за дама што успешно му одолева на тестот на времето.
Comentários