Шерон Стоун не била свесна дека фамозната сцена од „Основен инстинкт“ ќе стане еротска
- Aleksandar Santovski
- Mar 22, 2021
- 1 min read
22.03.2021 Mart ponedelnik
Шерон Стоун вели дека била изиграна да не ја носи својата долна облека во познатата сцена на „Основен инстинкт“. Во филмот од 1992 година Стоун ја глумеше Кетрин Трамел, а во една сцена може да се види како ја експонира својата интимна регија додека ги прекрстува нозете пред ликот на Мајкл Даглас, детективот Ник Куран, и другите полицајци додека ја испрашуваат среде истрага за убиство. Една од најсексапилните холивудски актерки, која одлично ги носи своите 63 години, откри дека член на продуцентскиот тим ја замолил да ги соблече гаќите за да не се гледаат на камерата и ја убедил дека ништо нема да се гледа на филмот. Во извадок од нејзините мемоари The Beauty of Living Twice споделен преку „Венити фер“, Шерон пишува: „За првпат ја видов снимката на вагината долго време откако ми беше кажано: Не можеме да видиме ништо. Треба да ги тргнеш гаќичките, бидејќи белото ја рефлектира светлината, па затоа знаеме дека имаш гаќички. „Кога видов како изгледа, се почувствував изневерено. Станав и му удрив шлаканица на режисерот Пол Верховен. Сцената беше добра, но требаше да ме предупреди. Тоа беше доказ дека нема почит кон мене“. „Излегов од студиото и го побарав мојот адвокат Марти Сингер за да ги разгледаме опциите“. На крајот, холивудската sвезда одлучи да ја дозволи сцената.


Comments