top of page
Search

Шерон Стоун: Изгубив милиони по мозочниот удар, луѓето ме искористија



11.07.2024 Juli Cetvrtok

Познатата актерка Шерон Стоун откри дека луѓето финансиски ја искористиле додека закрепнувала од мозочниот удар.

Во 2001 година Стоун доживеа мозочен удар, што доведе до деветдневно мозочно крвавење, што ја принуди да паузира седум години од актерството.

„Луѓето ме искористуваа во тоа време. Имав заштеда од 18 милиони долари од мојата кариера, а кога се вратив на мојата банкарска сметка, сето тоа го немаше. Немав пари воопшто“, изјави таа за „Холивуд репортер“.

Таа додаде дека наместо да биде огорчена за она што го доживеала по мозочниот удар, решила да се фокусира на позитивното.

„Ако гризнеш семе од горчина, тоа никогаш не те остава. Но, ако имаш вера, дури и ако таа вера е со големина на зрно синап, ќе преживееш. Затоа сега живеам од радост, живеам со цел“, изјавила 66-годишната актерка.

Стоун рече дека мозочниот удар целосно го променил начинот на кој функционира нејзиниот мозок.

„Мојот мозок не беше на истото место во мојата глава како порано. Сè се смени. Сетилото за мирис, видот, сетилото за допир. Не знаев да читам неколку години. Многу луѓе мислеа дека ќе умрам“, рече Стоун.

Актерката претходно изјави дека лекарите мислеле оти глуми, а подоцна се утврдило дека имала крвавење во мозокот како резултат на пукната вертебрална артерија.

„Тие го погрешија првиот ангиограм и мислеа дека глумам“, изјави таа за „Вог“ во 2023 година.

„Мојот најдобар пријател ги убеди да направат уште еден тест, а потоа открија дека имам крвавење во мозокот, субарахноидално крвавење и дека ми пукна вертебралната артерија. Да ме прателе дома, ќе умрев“, додала таа.


2 views

Comments


bottom of page