top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Шерифовски и Чакаровски ќе настапат на Европското првенство во џудо во Софија

Македонските репрезентативци Еди Шерифовски (категорија до 81 килограм) и Андреј Чакаровски (90 кг) ќе настапат на Европското првенство во џудо во Софија, Бугарија, што ќе се одржи од 29 април до 1 мај. Македонските џудисти ќе настапат в сабота и недела.

Македонската делегација во Софија ќе ја предводат претседателот на Џудо Федерацијата на Македонија (ЏФМ) Владимир Трпаноски и селекторот Горан Мицкоски.

Покрај настапот на џудистите, претседателот на ЏФМ, Трпаноски, на покана на претседателот на Европската Џудо Унија, Ото Кнејтингер, ќе оствари работен состанок во врска со стратешкото планирање за развој на џудото во Македонија, како и организација на некој од големите европски натпревари во Македонија.


3 views

Comments


bottom of page