top of page

Шерингам воодушевен од Фернандеш: Секоја чест, сфаќа дека Јунајтед…

27.06.2025 juni Petok

Бруно Фернандеш веќе неколку години е најдобар играч на Манчестер Јунајтед, меѓутоа и покрај неговиот труд, настапи, голови и асистенции, премиерлигашот никако не успева да фати залет, континуитет и да освојува титули од сезона во сезона.

Во изминатиов период Португалецот имаше сериозна понуда да го напушти „Олд Трафорд“, понуда од Ал Хилал каде можеше да заработи огромна сума на пари, но иако си остави простор на крајот реши да каже „НЕ“ и да остане во Манчестер.

Со овој потег тој допопнително ги купи навивачите на клубот, но и оние на кои Јунајтед им значи, биле дел од него како што е Теди Шерингам.

-Мислам дека е одлично што Фернандеш сака да остане. Тој сфаќа колку голем клуб е Јунајтед. Јунајтед веројатно го имал истото размислување, каде што можеа да го продадат на Саудиска Арабија за 100 милиони или нешто слично, за 30-годишник. Можеа да добијат големи пари за навистина да почнат да ги полнат батериите во Јунајтед со нови играчи.

-Ама браво за Фернандеш. Тој сфаќа дека Јунајтед очигледно не е на врвот на својата игра во моментов, но сепак е еден од најголемите фудбалски клубови. Сакате да останете таму што е можно подолго. Навистина ми се допаѓа Бруно. Тој е најдобар играч Многу повеќе би сакале да го Манчестер Јунајтед со него, отколку без него, -вели Теди кој беше дел од славната генарација на „црвените ѓаволи“ со освоена тројна круна.


 
 
 

Comments


bottom of page