top of page
Search

Шер повторно заедно со 40 години помладиот Александар

Writer: Aleksandar SantovskiAleksandar Santovski

Шер се појави на модната ревија на „Балмејн“ во Париз со 40 години помладиот рапер Александар Едвардс и со тоа и официјално потврди дека се во врска. Поп-дивата (77) во неколку наврати насмеано позира со своето момче (37) во текот на Модната недела во Париз. Се чини дека парот се смири откога во мај медиумите објавија дека повеќе не се заедно. Првпат беа видени во ноември минатата година како се држат за раце во Лос Анџелес, а Шер во март оваа година првпат се појави со Александар на црвениот тепих. Тие се бакнуваа пред камерите. Славната пејачка на почетокот на годинава гостуваше во шоуто на Кели Кларксон и ја коментира големата разлика во годините меѓу неа и Александар. „Па, на хартија е смешно, но во реалноста навистина добро се согласуваме. Тој е фантастичен. Јас никогаш не им придавам на мажите квалитети што не ги заслужуваат. Тој е добродушен, паметен, талентиран и духовит, а мислам дека е и прилично згоден“, рече таа тогаш. „Да не запознаев помлади мажи во мојот живот, никогаш немаше да излезам со него бидејќи постарите мажи не ме сакаа толку многу,“ додаде таа. Инаку, Едвардс има тригодишен син со поранешната девојка Амбер Роуз, која често ја изневерувал.




 
 

Hozzászólások


bottom of page