top of page

Шер го нуди својот дом за украински бегалци

21.03.2022 Mart Ponedelnik

Шер ја понуди својата вила во Малибу за престој на бегалци од Украина. Во објава на Твитер, американската поп-ѕвезда ги повика луѓето да им помогнат на оние што ги напуштаат своите домови среде инвазија на Русија со тоа што ќе им овозможат безбедно место за престој. „Би сакала да ги спонзорирам украинските семејства во мојот дом. Тие би биле безбедни и згрижени“, твитна Шер. 75-годишната музичка легенда, која поседува хациенда во Малибу, ја користи платформата за да обезбеди поддршка за народот на Украина. Таа повика: „Мораме да најдеме поопипливи начини да му помогнеме на украинскиот народ!“

 
 
 

Comments


bottom of page