top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Шер го враќа времето назад!

Шер се врати на младешкиот изглед откако повторно ја пронајде љубовта со многу помладо момче. Поп-божицата пристигна во стил на церемонијата на доделувањето награди на Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA) во Њујорк Сити во понеделникот. Облечена во кожен комплет, навидум инспириран од култното музичко видео, поп-легендата потсети на времето кога ги полнеше концертните сали. 76-годишната пејачка изгледа години помлада од својата вистинска возраст во фустан со горен дел дизајниран да имитира кожена моторџиска јакна што личи на таа од спотот за нејзиниот мегахит If I Could Turn Back Time од 1989 година. Пејачката се прошета на црвениот тепих во облека што ѝ пркоси на годините, откако ја потврди романсата со музичкиот продуцент Александар Едвардс (36) , кој е 40 години помлад од неа.




3 views

Comments


bottom of page