top of page

Шек доживеа спектакуларна европска атмосфера и скокаше во ритамот на фановите во Каунас

Sep 30
1 min read

30.09.2026 Septemvri Sreda

Олимпијакос покажа квалитет кога најмногу требаше и тоа посебно важи за Фурние кој погоди две тројки во завршницата, па Олимпијакос на крајот извојува тешка евролигашка победа во која гледавме и револверашка пресметка во завршницата.

Двата тима имаа сегмент во кој не промашуваа ниту еден напад, но Олимпијакос беше за нијанса подобар и на крајот славеше со 91:93.

Шек како ВИП гостин беше сведок на извонредна кошаркарска пресметка, но големата НБА легенда се соживеа и со атмосферата во салата и со свои очи виде нешто што не е карактеристично за НБА лигата.

Инаки, О’Нил пред натпреварот привлече внимание и со изјавата која ја даде за европската кошарка, односно со заклучокот дека на стариот континент се игра поквалитетна кошарка од САД и НБА лигата.


 
 
 

Comments


bottom of page