top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Шевченко се покажа како голем џентлмен во победата и не штедеше комплименти за Македонија

Updated: Jun 19, 2021

19.06.2021 Juni Sabota

Андриј Шевченко се покажа како голем џентлмен во победата исто како што беше случајот и по првиот пораз на Украина на Европското првенство, бидејќи за време на своето официјално обраќање на пресот, не пропушти да издвои пофални зборови за македонската фудбалска репрезентација која за првпат настапи на еден голем турнир. За жал, победата на Холандија не остави без математички шанси за пласман во втората рунда на Европското првенство, фаза до која има големи шанси да стигне Украина по важната победа која ја оствари вчера во Букурешт од 2:1. Македонија своето најдобро лице го покажа во второто полувреме во кое демонстрираше зошто дојде до историска шанса да биде дел од вакво натпреварување, а Шева иако нагласи дека неговиот тим ги заслужил трите бода, го истакна и карактерот на избраниците на Игор Ангеловски кои се обидоа да се вратат во вториот дел. – Завршницата на Европското првенство секогаш носи многу емоции, секој тим е избралансиран и може да се врати во мечот во секој момент. Имавме фантастично прво полувреме, го почнавме добро и второто, но потоа следеш грешка и пенал. – Бевме нервозни после нивниот гол за 2:1, но промашивме чиста шанса преку Циганков и не реализиравме пенал. Мора да му оддадеме признание на противникот. Македонија е тим со голем карактер. Никогаш не се предава, ги искористи нашите грешки и се врати во мечот. Можевме да постигнеме повеќе голови, но покажавме дека играме добро во напад, покажавме дека можеме да бидеме многу опасни за секој тим. Повторно постигнавме два гола, а овојпат победивме. – Игравме добро и против Холандија, а Македонија е тим кој ја користи и најмалата шанса за да се врати во мечот. Имаат карактер и изнудија максимум од нас. Нашиот тим можеби не е најдобар по квалитет, но имаме доволно добри играчи и лидери. Се на се, одигравме два одлични меча на Европското првенство, – изјави Шевченко.


0 views

Commentaires


bottom of page