Швеѓаните ќе бараат од ЕХФ да го поништи натпреварот за петто место на ЕП
25.01.2022 januari Vtornik
Шведската ракометна репрезентација се уште се бори за место во полуфиналето на Европското првенство, но не сака да игра евентуален натпревар за петтото место.
Скандинавското дерби меѓу Шведска и Норвешка се игра вечерва и по него многу работи ќе бидат појасни, но од шведскиот табор најавија дека од ЕХФ ќе бараат да го поништи дуелот за петтото место, ако тие обезбедат полуфинале.
Вообичаено, овој дуел решава која репрезентација ќе биде последна со билет за следното Светско првенство, но Шведска веќе има обезбедено учество затоа што е кодомаќин. Според тоа, екипата која ќе го освои шестото место ќе се пласира на ракометниот мундијал.
– Ќе побараме од ЕХФ да го поништи овој натпревар.
– Не ни изгледа фер да патуваме во друга земја и да влеме во нов „ковид меур“ за да играме натпревар без значење. Но, секако ние се надеваме дека ќе ја победиме Норвешка и ќе играме во полуфиналето, – велат Швеѓаните.
Шведска ги игра натпреварите во Братислава, додека завршните средби на ЕП ќе се играат во Будимпешта.
Comments