top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Шведски тенисер го искрши рекетот од судискиот стол и доби дисквалификација (Видео)

Публиката на тенискиот турнир во Лион денеска имаше можност да види еден несекојдневен инцидент, кој сигурно ќе донесе и сериозна казна за главниот актер.

Шведскиот тенисер Микел Имер предизвика голем скандал, откако реши да го покаже незадоволството од одлуките на главниот судија на многу агресивен начин.

24-годишниот Имер првично реагираше вербално, а откако противникот направи брејк, го искрши својот рекет од столот на судијата Рожерио Сантош од Португалија, па на истиот забележлива беше голема дупка.

Одлуката за дисквалификација на Имер беше донесена брзо, па неговиот ривал Артур Фијс се пласираше во следната рунда по само еден нецел сет.


2 views

Comments


bottom of page