Шведска ја преслуша Полска за втора победа во главната фаза
Швеѓаните не пренесоа ниту еден бод во главната фаза на Европското првенство, но затоа стартуваа со две победи во групата од шест екипи и сега почнаа да чекорат кон директен пласман во полуфиналето.
Швеѓаните покажаа модерен и атрактивен ракомет втор ден во низа, па така по победата над Русија, денеска и одржаа ракометна лекција на Полска и демонстрираа дека се неколку класи над Полјаците.
Фаворитот ја реши задачата уште во првото полувреме во кое се стекна со предност од плус осум, по што стана јасно дека вторите 30 минути ќе бидат само рутина и одржување на предноста.
Всушност, Шведска тргна со исто темпо и во второто полувреме и отиде на двоцифрена разлика, а најголемото водство беше плус 13 по 40 минути игра.
До крајот, Полјаците успеаја малку да спуштат и загубија со конечни 28:18, па сигурно им стана јасно дека немаат што да бараат во главната фаза на Европското првенство.
Тимската игра на Швеѓаните и овојпат дојде до израз и дури девет играчи постигнаа голови, но сепак посебно се истакнаа Мелегарн, Ване и Петерсон со по четири гола.
Comments